Заврши есенскиот дел во машката Младинска лига, откако се одиграа половина од планираните натпревари во оваа конкуренција во двете групи.
Само минатогодишниот шампион кај кадетите, Бутел Скопје, оваа полусезона има максимален број на победи во младинска конкуренција.
Тимот што е предводен од Дарко Јанев, има квалитетни поединци – тука се средниот бек Петар Цветковски, голманот Наум Симјановски, пивотот Дејан Михајловиќ и уште многу други, па не е изненадување што победија на сите осум меча со просечна разлика од седум гола.
Во групата А, Голден Арт и Пролет се блиску до четвртфиналето, а езерските ривали Охрид и Струга, исто така ќе бидат во конкуренција напролет за место во ТОП 8.
Во групата Б, Мулти Есенс има шест победи и едно реми, а потоа следуваат Тиквеш, Куманово, Овче Поле и Младост, меѓу кои се чини ќе се бие битката за четвртфиналето напролет.