Најсилната лига во светот на ракометот, Бундес лигата сосема очекувано има најголем број на ракометари на Олимписките игри во Токио.
Од дури 14 различни екипи, Бундес лигата е застапена со 40 ракометари меѓу учесниците на Олимпијадата. Еден клуб помалку и 11 ракометари помалку има Асобал лигата, а потоа следува Франција која е на третото место.
Во ова интересно рангирање има 17 земји, но факт е дека најсилните три лиги ги имаат водечките позиции на листата.
ШАМПИОНАТИ СО НАЈМНОГУ ОЛИМПИЈЦИ
ТОП 10
40/14 – Германија
29/13 – Шпанија
25/8 – Франција
15/5 – Бахреин
14/5 – Португалија
13/7 – Јапонија
11/2 – Египет
10/3 – Данска
6/3 – Полска
6/2 – Унгарија