Норвешкиот тим Колстад се чини дека веќе ги заврши половина од најавените трансфери за следните две сезони.
Новиот проект на скандинавскиот ракомет ги договори враќањата на тројца репрезентативци во татковината, а нивната промоција ќе се случи во недела.
Клубовите на Сандер Сагосен, Магнус Род и Магнус Гулеруд – Кил, Фленсбург и Магдебург, денеска потврдија дека нивните ракометари заминуваат од Бундес лигата и нема да ги продолжат договорите.
Сагосен и Род ќе го сторат тоа во летото 2023 година, додека Гулеруд следното лето во 2022 година.
Викендов ќе следува и промоцијата на исландските репрезентативци Јанус Смарасон од Гепинген и Сигвалди Гудјонсен од Келце.