Познати се составите на Македонија и Египет за вечерашната пресметка од второто коло на Светското првенство.
Селекторот Данило Брестовац се одлучи за истите ракометари што беа во ростерот и на првиот дуел против Шведска.
Голманот Никола Даниловски, како и бековите Михајло Младеновиќ, Горан Крстевски и Мартин Серафимов и овојпат нема да добијат шанса.
Натпреварот меѓу Македонија и Египет започнува од 18:00 часот во „Каиро Стадион“, а ќе го судат сестрите од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура.
По дуелот со Египет, Македонија задутре ќе се соочи со селекцијата на Чиле.