Браќата Ландин со врвно достигнување – за месец дена освоија трофеи во ЛШ и на СП!

Репрезентацијата на Данска е старо нов светски шампион откако во големото финале ја совлада селекцијата на Шведска со 26:24.

Во составот на Данците на овој Мундијал настапија браќата Никлас и Магнус Ландин Јакобсен кои се закитија со ново одличје.

Откако на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн кој се одржа на крајот на декември 2020 година го освоија пехарот, сега тие еден месец подоцна повторно го подигнаа пехарот за победниците.

Браќата Ландин настапуваат за германски Кил кој е клупски европски шампоион за сезоната 2019/2020, а сега со Данска станаа и светски прваци со што ги освоија двете најпосакувани титули во ракометот за само еден месец.