Ракометарите на Охрид им се вратија на победите и по лошата серија во суперлигашкиот плеј-оф славеа над Бутел Скопје со 28-19.
Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ оваа победа ја посвети на тренерот Горан Андоновски, кој мораше да ја напушти салата откако му се слоши на паузата.
„Оваа победа добро ни дојде по одличниот старт и лошата серија во плеј-офот. Победивме во Битола кај Еурофарм Пелистер 2, добро се држевме против Вардар и Алкалоид, но потоа паднавме и имавме лоши партии. Оваа победа му ја посветуваме на нашиот тренер Горан Андоновски, кој поради здравствени проблеми на полувремето мораше да го напушти мечот. Ние останавме да се бориме за него, покажавме дека сме екипа и мислам дека оваа победа доаѓа во вистинскиот момент да се кренеме пред следните натпревари. Клучно за триумфот над Бутел беше одличната одбрана, знаете дека примавме малку голови во регуларниот дел од сезоната. Паднавме психички како екипа по оние два порази, но еве оваа победа ќе ни биде мотив за останатите седум кола до крајот“, вели Бојаниќ за 24Ракомет.
Охрид следниот натпревар ќе го одигра исто така на домашен терен, против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
На тренерот на Охрид му се слоши на полувреме – заврши во болница
Охрид одигра победнички и го „сопна“ Бутел во борбата за Европа