Еден од најталентираните голмани во БиХ, Берин Бркиќ, би требало да биде ново засилување во амбициозната екипа на Охрид, пишува „Свијет Рукомета“.
Според информациите на овој медиуми, чуварот на мрежата ќе го замени дресот на некогашниот европски првак Борац Бања Лука со оној на Охрид.
Перспективниот голман има само 19 години, а во клубот од Бања Лука игра од сезона 2020/21.
Освен Бркиќ, нов голман во Охрид ќе биде и Даниел Ѓорѓески, кој по две сезони минати во Будакалаш, реши да се врати дома.
Екипата на Охрид моментално како голмани ги има на располагање Александар Миленковиќ, репрезентативецот на Грузија, Зураб Цинцадзе, како и Виктор Василевски.
Охрид претходно се засили со левиот бек Рудолф Звонимир Сафранко. Екс младинскиот репрезентативец на Хрватска со раководството на Охрид се договори на двегодишна соработка.