Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер славеше во интересен натпревар против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен со 27-26 во 8 коло од Лигата на Европа.
Еден од погодоците што го одбележа овој натпревар беше „вртенката“ на босанскиот репрезентативец Елмир Граџан.
По атрактивната асистенција на неговиот клупски и репрезентативен колега Јосип Периќ, Граџан го совлада голманот на Кадетен.
Овој погодок доби место во ТОП 5 голови на колото во Лигата на Европа, а може да го погледнете ТУКА.