Бомбач, Зарабец, Доленец, Мачковшек…никој од нив не ја посакува Македонија за ривал! (ФОТО)

Утре во Виена ќе се одржи ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка и Унгарија во 2022 година. Македонија е сместена во вториот шешир, а тоа значи дека ќе ги избегне селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.

Репрезентацијата на Словенија се наоѓа во првиот шешир, а тамошната федерација направи интересна анкета меѓу 18 ракометари. Ниту еден од нив не ја сака Македонија за ривал од вториот шешир.

Шоштариќ, Бомбач, Зарабец…ги искажаа своите желби околу ривалите, а од вториот шешир најчесто ги бираа селекциите на Црна Гора, Србија или Австрија.

Покрај домаќините, директно пласирани на ЕП се и финалистите на ЕП 2020, Хрватска и Шпанија, додека 32 селекции ќе се борат за преостанатите 20 места. Меѓу нив и репрезентацијата на Македонија.