Лигата на Европа ги избра најдобрите пет гола во првите натпревари од осминафиналето, а во топ 5 место доби и ракометарот на Еурофарм Пелистер Реине Табоада.
Табоада местото во помеѓу најдобрите голови го доби со голот „проектилот“ од девет метри во 20-тата минута од натпреварот. Покрај ракометарот на Еурофарм Пелистер тука се Тео Монар, Себастијан Карлсон, Лукас Зербе и Михал Дажек.