Екипата на Шампион е последниот патник во плеј-офот од Првата лига, откако на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров успеа да освои бод вреден злато и да се избори за реми, 34:34 (16:15).
На Шампион за пласман во пеј-офот му требаше реми или победа, бидејќи неговиот главен конкурент Овче Поле го заврши регуларниот дел со 19 бода, а Шампион пред дуелот со Македонија Ѓорче Петров имаше 18 бода.
Овче Поле на првиот дуел против Шампион триумфираше со пет гола разлика, 25:20. На реванш дуелот, тимот на Шампион се реваншира за поразот и победи со 31:25 и поради подобрата разлика во меѓусебниот двобој си обезбеди плеј-оф.
Мулти Есенс, Младост Богданци, Македонија Ѓорче Петров и Кичево се екипите од првата група кои со Шампион ќе играат во прволигашкиот плеј-оф.
Од групата А пласман во плеј-оф фазата обезбедија екипите на Аеродром, Драчево, Голден Арт 2, Металург РА и Астраион.