Блесок на Ристовска – ЦСКА победнички ја почна одбраната на титулата во Русија

Рускиот шампион ЦСКА Москва, чии бои ги брани Сара Ристовска, имаше победнички старт на новата сезона.

ЦСКА славеше во градскиот двобој против составот на Луч Москва со убедливи седум гола разлика, 31-24.

Македонската репрезентативка беше најдобар стрелец на натпреварот и успеа да постигне седум погодоци.

ЦСКА Москва следниот натпревар го игра на домашен терен против новиот тим во елитата, Черноморочка, на 13 септември.