Ракометарите на Фленсбург, кои во досегашниот тек од Лига на Европа немаа пораз, во натпревар од 4. коло од второто по ранг европско натпреварување беа шокирани од екипата на Иштад со 30:26.
Тимот од Шведска, кој во најголемиот дел од натпреварот беше во водство и одржуваше дистанца од три до четири гола разлика, се израдува на втората победа во Лига на Европа и со новите освоени бода остана во игра за пласман во следната фаза.
Ниту 18 интервенции на Бењамин Буриќ не беа доволни за поволен резултат на бундеслигашот. Во составот на Иштад, голманот Никлас Крафт натпреварот го заврши со 13 интервенции.
Во останатите натпревари кои што беа одиграни од 17:00, односно 18:45 часот победа остварија екипите на Бенидорм, Кадетен, Монплеје, Архус, Еурофарм Пелистер и Гепинген.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
КАДЕТЕН – БЕНФИКА 26:25 (13:12)
ККФТ ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ 31:39 (16:25)
ГЕПИНГЕН – ТАТРАН ПРЕШОВ 34:24 (19:8)
ГРУПА Б
ФТЦ – БЕНИДОРМ 32:33 (16:14)
ИШТАД – ФЛЕНСБУРГ 30:26 (17:14)
ЕКС АН ПРОВАНС – ВАЛУР 20:45ч
ГРУПА Ц
СКЈЕРН- ГРАЊОЛЕРС 20:45ч
АЛПЛА – НЕКСЕ 20:45ч
СПОРТИНГ – БАЛАТОНФУРЕДИ 20:45ч
ГРУПА Д
МОТОР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 30:33 (16:18)
АРХУС – БИДАСОА 38:27 (21:13)
ФУКСЕ БЕРЛИН – АГУАШ САНТАШ 20:45ч