Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.
Специјалистот за одбрана во Веспрем, Блаж Благотиншек, вели дека е тешко да се игра во Скопје, но дека ќе се обидат да слават со висока разлика.
„Со овие натпревари полека се доближуваме кон крајот на сезоната и важно е да победуваме на секој натпревар. Вардар е секогаш тежок ривал и мора да одиграме на највисоко ниво за да победиме во Скопје. Знаеме како да играме против Вардар – не смееме да губиме топки и мора да имаме цврста одбрана. Ќе се обидеме да победиме со висока разлика“, вели Благотиншек.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.