Тимот на Еурофарм Пелистер по победата над Вардар минатата седмица продолжува со играње на пријателски натпревари пред стартот на сезоната.
Во битола, избраниците на Жељко Бабиќ остварија убедлива победа над новиот суперлигаш КЛ7 со 34-19.
Домашните триумфот го обезбедија уште по првото полувреме, кога водеа со девет голови разлика, 19-10.
Бабиќ на овој натпревар не сметаше на услугите на Чаневски, Маџовски, Кукуловски, Вегар и Куковски, а на помош од вториот тим дојдоа Бардаковски и Кузманоски.
Следниот натпревар битолчани треба да го одиграат против Охрид, додека КЛ7 ќе се тестира против Тиквеш.