Ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Диселдорф кај украинскиот шампион Мотор триумфираа со три гола разлика, 33:30.
Битолскиот тим со новите освоени бода на свое конто направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на Европа.
Избраниците на Ларс Валтер не оставија никаков хаос зад себе во својата соблекувална, која ја „светнаа“ и покажаа дека се одлични гости.
Еурофарм Пелистер во следното 5. коло во Лига на Европа ќе гостува кај Бидасоа Ирун.