Тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде сериозно ослабен на гостувањето кај францускиот Ним во Лигата на Европа.
Откако пред заминувањето за Франција останаа без Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, кои добија позитивни резултати на ПЦР тестовите, стратегот Жељко Бабиќ остана и без лидерот на тимот.
Босанскиот плејмејкер Јосип Периќ остана надвор од конкуренција за настап поради болест, а нема да игра ниту Мирко Радовиќ, кој има повреда на рамото уште од ЕП.
Па така битолчани во ростерот ќе имаат само 14 ракометари за натпреварот против Ним што се игра утре од 18:45 часот.