Битолчани играат добро во Ним, имаат само гол негатива на полувреме

Иако ослабен без тројца стандардни ракометари, тимот на Еурофарм Пелистер игра одлично во првото полувреме на гостувањето кај Ним во Франција и има само гол негатива, 13-12.

По 3-3 на стартот, битолчани поведоа со два гола 3-5 преку Табоада и Мандалиниќ. Беше и плус три за избраниците на Жељко Бабиќ, 5-8, но следуваше мала криза во играта.

Потоа Ним успеа со три гола во серија да стигне на 8-8, а со голот на Гигу и да поведе со 9-8. Следуваа две грешки на битолчани во серија, па Ним од контра стрелаше за 12-11.

Мандалиниќ со бомба од десетина метри израмни на 12-12, но Гигу се погрижи за водство со гол разлика за Ним на пауза.