Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат реванш натпреварот против Нексе Нашице од осминафиналето во Лигата на Европа.
„Чкембари“ го почнаа загревањето за натпреварот и на пат кон салата „Боро Чурлевски“ поминаа низ Широк Сокак.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.
Победникот од овој двомеч ќе оди на подобриот од дуелот меѓу ГОГ Гудме и Бидасоа Ирун.