Еден од најдобрите голмани во селекцијата на Германија, Јоханес Битер е пред можно враќање во Хамбург, тим со кој ја освои Лигата на шампионите во сезона 2012/2013.
Моментално искусниот голман настапува за бундеслигашот Штутгарт, но медиумите во Германија го поврзуваат со тимот на Хамбург кој има повисоки амбиции за следната сезона, а моментално се натпреварува во понизок ранг на натпреварување во Германија. Освен од Хамбург, за услугите на Јоханес Битер е заинтересиран и Гепинген.
На крајот од сезоната би требало да се знае новиот клуб на Битер, но исто така и новите ракометари кои ќе пристигнат во екипата на Штутгарт. До сега ниту еден клуб не ги потврди шпекулациите.
Битер за репрезентацијата на Германија има преку 154 официјални настапи. Најголемиот успех во националниот дрес го постигна во 2007 година кога со неговата репрезентација го освои златниот медал на Светското првенство.