Екипата на Бисинов дојде до втората победа во дебитанската сезона во Првата лига, откако на свој терен славеше против тимот на Овче Поле, кој исто така е дебитант во прволигашката конкуренција, со резултат 26:25.
Двете екипи се надигруваа постојано така што како што се очекуваше така и се финишираше бидејќи на крајот само нијанси одлучуваа каков ќе биде епилогот од денешната средба во Велес.
Во првиот дел беа постигнато вкупно 29 погодоци. Домаќините одиграа одлично на стартот и пред самиот финиш од полувремето гостинот ја презеде предноста. Бисинов во воведниот дел ги имаше највисоките три гола предност, 6:3, но не успеа да ги сочува и му дозволи на гостинот да се надева на победа.
Останатиот дел од првото полувреме мина во голема неизвесност, се играше гол за гол и пред крајот на полувремето гостите целосно се вратија во игра. Откако Бисинов водеше со 13:11, ракометарите на Овче Поле со серија од 3:0 направија пресврт и поведоа со 14:13. По 30 минути игра резултатот беше 15:14 за гостите од Свети Николе.
Овче Поле водеше со 23:22 во 20 минута, а домаќините со два гола во низа го вратија водството во свои раце, поведоа со 24:23. Беше 24:24, пред Бисинов да се одлепи на 26:24 во 28 минута. Гостите иако имаа неколку шанси за да направат камбек, сепак, намалија само на гол негатива.
Најефикасни во победничката екипа беа Александар Ристовски со шест и Мартин Иванов со пет гола. Во составот на Овче Поле се истакнаа Игор Павловски и Дамјан Тодосовски со пет, односно четири погодоци.