Се поблиску е Европското првенство за сениорки кое кон крајот на годината ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија. ЕХФ сега потврди дека продажбата на билети ќе биде отворена на 29. април во 11:00 часот по средноевропско време.
Ждрепката за групната фаза е закажана за на 28 април во Словенија, а 16 репрезентации ќе бидат поделени во четири групи по четири репрезентации. Натпреварите во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Покрај Скопје останатите градови домаќини се Љубљана и Целје во Словенија и Подгорица во Црна Гора.
Во СЦ „Борис Трајковски“ нема да биде првпат да се играат натпревари од женско Европско првенство, затоа што Скопје домаќин на овој турнир беше и во 2008 година, кога беше и отворен „Борис Трајковски“. На тој турнир до титулата стигна репрезентацијата на Норвешка.
Eвропското првенство ќе се игра од 4. до 20. ноември. По пуштањето во продажба билети можете да купувате – ТУКА.