Бивш вардарец влезе во историјата на СП – постигна автогол! (ВИДЕО)

Некогашниот ракометар на Вардар, Вук Лазовиќ, влезе во историја на Светските првенства. На мечот против Иран, црногорскиот репрезентативец постигна автогол, кој според сите ракометни познавачи е првиот таков во мундијалската историја. Автоголот на Лазовиќ не влијаеше на резултатот, бидејќи Црна Гора забележа победа на Иран и обезбеди пласман во главната рунда. Погледнете...