Беше во првите „борбени редови“ против Ковид-19, па дојде да игра за Вардар

Пред да му се случи трансферот во Вардар, чуварот на мрежата Али Сафар, скоро една година посвети на својата професија – фармацевт и беше дел од луѓето во првите борбени линии против коронавирусот во Кувајт.

„Завршив Фармацевстки факултет, затоа што во Кувајт спортот не го гледаат како главна професија, мораш да имаш диплома, да бидеш подготвен за она што следи. Беше напорно, но го завршив факултетот и две години не работев, бев посветен на ракометот. Кога почна пандемијата морав да и помогнам на мојата земја. Ја имав таа несреќа од мојата група колеги сите да се заразат од корона, со исклучок на мене и се случи одреден период да работам за три болници истовремено. Еден ден работев 18 часа, три смени по шест часа во секоја од трите болници, а потоа имав ден одмор. Многу беше лоша ситуацијата во земјата во тој период. Но, тоа заврши и сега сум комплетно посветен на ракометот.“

Разговорот со Али Сафар може да го прочитате во продолжение.

ИНТЕРВЈУ АЛИ САФАР: Кралски наследник кој сака шампионска круна со Вардар!