Бабиќ: Игравме храбро и машки, но ни недостасуваше еден гол

Еурофарм Пелистер беше многу блиску до освојување на титулата во Купот на Македонија, но сепак во финишот попушти и дозволи Вардар да им го украде трофејот.

Тренерот на тимот од Битола, Жељко Бабиќ имаше свое видување и истакна дека една до причините за падот во финишот е заморот на неговиот тим и им недостигало еден добар напад за победа.

„Му честитам на Вардар на победата, тешко е сега да се зборува. Последните петнаесет минути игравме без Периќ поради повреда. Се гледаше дека нè стигна заморот. Промашивме одлучувачки удари, Вардар не се предаде, а Томовски фати три-четири клучни топки. Игравме храбро и машки но на крај ни недостигаше еден гол и едно добро решение“, рече Бабиќ.

Марио Танкоски имаше свое видување за финалниот натпервар.

Честитки до Вардар за двојната круна. Штета за нас. Се боревме до крај. Последните десет минути влеговме во црна дупка и тоа беше проблемот. Сакавме да го освоиме трофејот, но не не посака“, изјави Танковски.