Атракција на Ѓорговски и Атанасијевиќ – битолчани со цепелин го крунисаа триумфот над Пролет (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер 2 славеше убедлива победа во полуфиналето од групите во Купот на Македонија против составот на Пролет со 28:20. Тимот од Битола беше убедлив на гостувањето во салата Македонско Сонце и рано ја обезбеди победата. Во завршните минути ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 можеа да си дозволат да изведуваат и атракции. Во самата завршница Емилијан Ѓорговски и Петар Атанасијевиќ со атрактивна акција која ја крунисаа со цепелин ја потврдија победата на Еурофарм Пелистер 2. Атрактивниот погодок погледнете го во следното видео.