АТРАКЦИЈА на „фараонот“: Омар со шрауба ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

Унгарскиот гигант Веспрем ја забележа третата победа во Лигата на шампионите, откако потешко од очекувањата славеше против Динамо Букурешт со 33-30. Еден од најубавите погодоци на мечот беше дело на Јахја Омар, кој со шрауба ја крена публиката на нозе. Погледнете го погодокот на египетскиот репрезентативец...