Атракција во Неготино: Митевски и Орешков „сервираа“ цепелин против Радовиш (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар Неготино славеа убедлива победа над Радовиш со 33:22 во натпревар од 9. коло од плеј-аут фазата во Супер лигата. Публиката во Неготино уживаше во играта на своите миленици, кои со подобрата игра во вториот дел дојдоа до висока победа. Домаќините во победата беа предводени од искусниот Лазар Адамовиќ, постигна десет погодоци, и Ѓорѓи Орешков, кој беше второ име во таборот на Вардар Неготино со седум погодоци и со најубав гол на натпреварот. Во испланирана акција, Митевски му асистираше на Оршеков, кој реализираше цепелин во голот на гостите.