Атракција во Диселдорф – Танкоски и Хенеберг „режираа“ цепелин против Мотор (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа во групната фаза од Лигата на Европа откако славеше на незгодното гостување кај Мотор со 33-30.

Битолскиот тим со новите освоени бода на свое конто направи голем чекор кон осминафиналето на Лигата на Европа.

Данскиот лев бек Себастијан Хенеберг имаше одлична партија и со 14 гола беше клучот на триумфот над украинскиот првак.

Хенеберг успеа да реализира и цепелин против украинскиот првак по асистенција на средниот бек Марио Танкоски.

 

 

Гол шоу на Хенеберг, Еурофарм Пелистер победнички се враќа од кај Мотор!