Атрактивна одбрана во Прва лига – фудбалска парада на Рушити! (ВИДЕО)

Ракометарите на Јехона на свој терен беа убедливо поразени од Аеродром, со резултат 25:34, во натпревар од 5. коло од плеј-оф фазата во Првата машка лига. Домаќините парираа до првата половина од првиот дел и во остатокот од натпреварот немаа доволно сили да му се спротистават на тимот од Аеродром. Избраниците на Фари Селмани, иако беа поразени, имаа свои моменти во текот на дуелот. Во една ситуација голманот на Јехона, Егзон Рушити, имаше одлична реакција и една топка упатена од далечина ја спречи да влезе во голот со голманска парада...