По поразот од Норвешка, Македонија загуби и во второто коло на Мундијалот во Полска и Шведска од селекцијата на Холандија со 34-24 и останува уште дуелот со Аргентина, на кој ќе мора да бркаме победа за место во главната рунда.
Ривалот уште во првиот дел направи висока залиха од седум гола, во второто полувреме Македонија се доближи на минус четири, но немаше сили да се доближи уште повеќе или да размислува за пресврт.
Во дресот на Македонија денес свој деби настап на големите натпреварувања имаше Павле Атанасијевиќ. Младиот ракометар, кој постигна два погодоци, истакна дека притисокот и техничките грешки одлучиле за исходот од денешниот дуел со ,,лалињата”.
,,„За мене немаше никаков притисок, влегов и одиграв најдобро што знам, дадов се од себе. Убаво е чувството што дојдов до овие дебитански гола, не можам да ги опишам емоциите во моментов, многу различни емоции ми дојдоа на натпреварот. Мислам дека сме доста спремни за Аргентина, после овој пораз сите треба да останеме сите заедно и да научиме од грешките“, изјави Атанасијевиќ.
За Македонија останува уште дуелот со Аргентина на 17 јануари од 18:00 часот.
Македонија немоќна и против Холандија, Аргентина е последна шанса за прогрес