Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за 11. коло во Лигата на шампионите, односно прво во пролетниот дел од сезоната во најелитното европско натпреварување.
Вардар ќе гостува кај тимот на Кил од кој претрпе тежок пораз во СЦ „Јане Сандански“, а ЕХФ за оваа средба ги делегираше летонските арбитри Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис, додека делегат ќе биде Петер Олсон од Шведска.
Овие судии досега ја делеле правдата на осум меча во кои еден од тимовите бил Вардар, а европскиот првак има одличен биланс и забележал шест победи (против Висла, Келце, Рајн Некар, Целје, Загреб и Барселона) и едно реми (Веспрем).
Колку за потсетување, Летонците судеа и на епското полуфинале од ланскиот Ф4, кога Вардар ја победи Барселона.
Натпреварот меѓу Кил и Вардар се игра на 5 февруари во „Ланксес Арена“, а претходно „зебрите“ ќе одиграат еден натпревар од Бундес лигата, на гостувањето кај Хановер на 1 февруари.