Анте Кудуз со трофеј доаѓа во Вардар

На две кола пред крајот во романскиот шампионат, Динамо Букурешт има недостижна предност пред останатите противници (73 бодови, а втората Турда 68), па Динамо беше крунисан за шампион.

Меѓу славениците на титулата беше и идниот ракометар на Вардар, Анте Кудуз. Хрватскиот интернационалец одигра солидна сезона во дресот на Динамо Букурешт и со полна енергија ќе пристигне во Скопје.

Титулата за Динамо е петта последователна титула во домашниот шампионат и бројката на освоени титули ја заокружија на вкупно 17 во својата клупска историја.

Иако во одредени натпревари имаа и неколку киксови, сепак во клучните натпревари ги освоија важните бодови и стигнаа до првото место.