Вардар 1961 со предност од четири голови патува за Загреб на реванш четвртфиналниот дуел од СЕХА лигата. Хрватскиот првак иако парираше во текот на целиот натпревар, играта не успеа да ја претвори во позитивен резултат. За тоа голема „вина“ има и во најдобриот ракометар на „црвено-црните“ Анте Кудуз кој со седум голови ги одржа шансите и надежите на вардаровите навивачи за нов Ф4 во регионалното натпреварување.
Натпреварот со ППД Загреб се играше пред 1800 вакцинирани навивачи во спортскиот центар „Јане Сандански“, па Кудуз токму од таму ја започна својата изјава.
Одлично е да се игра пред навивачи во сала. Беше навистина одлично чувство. Ни дадоа ветар во грб. Имавме вистинска борбен натпревар. Паѓавме на моменти, но се вративме. Ништо не е готово. Нема да се избрзувам. Знаеме кој е Загреб и сега уште треба да играме таму. Одиме како да е 0-0 резултатот.
Возвратниот дуел меѓу ППД Загреб и Вардар 1961 кој ќе го одреди патникот за Задар се игра во вторник на 31 август со почеток во 20:00 во спортката сала „Сутинска врела“.