Селекторот Виталиј Андронов ги одбра ракометарките што ќе бидат во составот на Украина за утрешниот натпревар против Македонија.
Андронов на располагање имаше 18 ракометарки, а од комбинација отпаднаа голманката Татјана Чернавска и Милана Шакул.
Меѓу оние што ќе настапат против Македонија ќе биде и десното крило Левченко, која има мала повреда, но ќе биде подготвена за настап.
Натпреварот против Македонија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ утре со почеток во 19:00 часот, додека реваншот е во Кишварда на 11 април од 17:00 часот.
Состав на Украина:
Голмани: Марија Гладун (Фуксе Берлин), Викторија Салтањук (Галичанка)
Леви крила: Марина Коновалова (Галичанка)
Леви бекови: Јулија Андријчук (Волда), Тамара Самбатијан (Фехервар), Ирина Компаниец (Јувента)
Средни бекови: Маријана Маркевич (Галичанка), Лесија Смолинг (Јарослав), Ирина Глибко (Валчеа)
Десни бекови: Дијана Дмитришин (Галичанка), Дарина Кот (Карпати)
Десни крила: Наталија Воловњук (Јарослав), Евгенија Левченко (Валчеа)
Пивоти: Ирина Прокопјак (Галичанка), Анастасија Мелекесцева (Галичанка), Ирина Стелмах (Подравка)