Екипата на Охрид вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ славеше убедливо над Пролет со 28:19.
Со триумфот избраниците на Андоновски остануваат во игра за местото кое води во европските натпреварувања.
Тренерот на охриѓани, по натпреварот изјави дека многу работеле овие две недели, во репрезентативната пауза, па тоа се покажало денес на терен.
„Го надигравме Пролет во секој сегмент, кој реално немаше што да бара во Охрид, а разликата доволно кажува. Сега со Тиквеш сме во отворена борба за четвртото место, пред нас е уште еден празник на ракометот во Охрид, за две недели дома играме со Еурофарм Пелистер. Титулата ќе му ја честитаме после натпревар, не пред, или пак можеби тие нас ќе ни честитаат победа. Јас никогаш не се предавам и ќе продолжиме напорно да работиме. Пред месец дена бевме во многу лоша ситуација, сега сме во добра, имаме реални шанси за Европа, и ќе гледаме да го искористиме последниот атом од снагата за да стигнеме таму. Се надевам дека нема да имаме повредени играчи за две недели и дека ќе одиграме одличен натпревар со можеби новиот шампион на Македонија“, изјави Андоновски.
Следен предизвик за екипата на Охрид е дуелот со Еурофарм Пелистер за две недели.
Охрид го совлада Пролет и останува во игра за излез на европска сцена