Црногорскиот шампион Ловќен полека го комплетира ростерот за новата сезона, во која клубот од Цетиње влегува со сериозни амбиции.
Ново засилување во редовите на Ловќен е поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Богдан Петричевиќ.
Искусниот лев бек во својот матичен клуб се враќа по 13 години, последен пат дресот на Ловќен го носеше во сезона 2009/10.
По одличните настапи во црногорскиот шампионат успеа да си направи богата интернационална кариера. Екс црногорскиот репрезентативец играше во Шпанија, Италија, Франција, Грција и Унгарија.
Ловќен претходно се засили и со Иван Перишиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ, Михајло Шчекиќ, Милорад Бакиќ и Лука Вујовиќ.
Меѓу засилувањата во Ловќен ќе биде и повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски. Во наредниот период се очекува да биде неговата промоција.
Тимот на Ловќен во новата сезона ќе игра и во Лигата на Европа. За ривали во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување ги има Кадетен, Елверум и Фленсбург.
Прв интернационален предизвик: Бојан Маџовски се сели во амбициозниот Ловќен!