Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски го очекува првиот натпревар со Вардар на домашен терен во Лигата на шампионите. Средбата се игра в сабота, а во Скопје гостува тимот на Мотор Запорожје. Тој верува дека момците ќе го дадат најдоброто на терен и дека ќе ја надминат ситуацијата.
„Не очекува тешка средба. Имаме проблеми со играчкиот кадар, но играме на домашен терен и имаме прв меч пред домашна публика играчите се свесни во квка ситуација се наоѓамае и максимално се фокусирани. Знаат дека сме во проблеми, но очекувам да го дадат максимумот. Очекувам да бидеме на ниво и да обезбедиме победа со која ќе можеме да се пласираме во полуфинале. Мотор е сериозна екипа која ќе дојде со амбиции да победи, но ние сме тим кој е актуелен европски првак и играме на домашен терен, па се надевам на најдоброто“, изјави Алушовски на пресот пред средбата од 12. коло од Лигата на шампионите.
Алушовски вели дека очекува играчите да се покажат во најдобро издание.
„Овие играчи покажаа карактер во изминатиот период. Ситуацијата не е нова во клубот. Ова е веќе подолго време. Ново е тоа што два бека си заминаа од првата постава. Сепак, овие играчи знаат како се победува. Очекувам заедништвото да ни помогне да го покажеме најдоброто. Неделава одработивме максимално за да направиме се за да го добиеме Мотор. Тешко е да се мотивираат, но во сабота се надевам пред полна сала момците ќе го дадат максимумот“, заврши Алушовски.
Мотор гостува во СЦ „Јане Сандански“ в сабота од 17:30 часот.