Алкалоид промовираше четири засилувања

Tимот на Алкалоид го комплетираше својот играчки кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари.

Како што во изминатиот период најави 24Ракомет, нови ракометари на Алкалоид се левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, пикерот Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев.

Савревски доаѓа од шампионот Вардар, Џонов доаѓа од Пролет, Петров од исландскиот Тор, додека Митев од Мулти Есенс.

ПРвите тројца се сениорски репрезентативци на Македонија, додека Митев е дел од кадетската репрезентација.