Алингсас на колена во Нови Сад – Војводина ќе игра финале во Европскиот Куп!

Српскиот шампион Војводина го направи најголемиот успех на европска сцена, откако успеа да обезбеди пласман во финалето во Европскиот Куп.

Војводина на реванш дуелот од полуфиналето против Алингсас славеше убедливо со 32:24, со што си обезбеди историски финале во третото по квалитет европско натпреварување.

Шведскиот тим, кој триумфираше минимално на првиот меч со 25:24, денес во Нови Сад не успеа да ја задржи стекнатата предност и дуелот го загуби со лошата игра во вторите 30 минути.

Предводници во екипата на Војводина беа Милан Милиќ со осум и Борис Пуховски со шест погодоци. Одлична партија имаше 19-годишниот Лука Роган, кој имаше пет реализации. Кај Алингсас прв стрелец беше Матијас Педерсен со пет погодоци.

Екипата од Нови Сад во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Наербо и Рунар.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Наербо го доби првиот дуел против Рунар со два гола разлика, 29:27.