Аларов: Не чека тежок меч во Охрид, мора да бидеме мотивирани и со ладни глави!

Ракометарите на Вардар ги очекува вториот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф и незгодно гостување кај амбициозниот Охрид.

Eден од новаците во македонскиот првак е пивотот Михаил Аларов, кој полека влегува во ритам во вардаровиот тим и очекува тежок натпревар во Охрид.

„Мислам дека чувствувам дека полека влегувам во ритам, иако ќе ми треба уште некое време, многу добро се вклопив, сите ме прифатија, речиси со половина играчи се знам од претходно, добра атмосфера, одлични тренинзи…“, вели Аларов.

Аларов вели деа охриѓани ќе влезат со голема мотивација да го изненадат шампионот.

„Во дуелот со Охрид треба со мирни глави и мотивирани да влеземе, ќе биде навистина тежок меч, второ коло е, плус Охрид не очекуваат на домашен терен. Мислам дека нивната добра страна е борбеност, многу се борбени и мотивирани, тоа го видовме и во дуелот со Еурофарм Пелистер 2, доста се борбени, имаат мотивација и на домашен терен ќе бидат уште помотивирани. Моментално можам да кажам дека сум на 50% од посакуваната форма, има голем простор за напредок, тоа сам го чувствувам, но се надевам дека ќе ја достигнам 100% формата“, продолжи Аларов.

Тој смета дека најголемата опасност кон голот на Вардар ќе биде кружниот напаѓач Бојаниќ.

„Најголем проблем на утрешниот дуел може да ни прави пикерот, Владимир Бојаниќ, речиси сите акции се обидуваат да бидат преку него, доста ќе треба да се бориме со него, да не дозволиме да трча и да освојува топки, бековите како бекови сакаат на реализираат, исто треба и нив да ги спречиме, но и интернационалците 100% ќе сакаат да се докажат против Вардар и ќе треба нив да ги затвориме. Се надевам на поволен резултат“, заврши Аларов.

Натпреварот меѓу Охрид и Вардар се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.