Аеродром со пресврт славеше против Младост и продолжи кон Супер лигата

Ракометарите на Аеродром на домашен терен ја совладаа екипата на Младост од Богданци со 27:25 во 16. коло од Првата лига откако во второто полувреме и самиот фининш успеаја да направат пресврт.

Аеродром ја продолжи победничката серија во плеј-офот и се задржа на петата позиција на табелата која води во Супер лигата. Во првото полувреме гостите имаа контрола на резултатот и на одмор имаа предност 11:17.

На почетокот на вториот дел Аеродром се обиде целосно да се врати во игра, но Младост ја чуваше предноста се до финишот. Сепак во завршницата домашниот тим успеа да направи целосен пресврт и да стигне до важен триумф.

Најефикасен во тимот на Аеродром беше Бојан Николовски со седум гола, а шест постигна Иван Митревски. За екипата на Младост најпрецизен беше Митко Караиванов кој беше стрелец на седум погодоци.