Ацо Николовски ја ужива довербата на ЕХФ – делегат на четири меча во десет дена

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
13:03
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Покрај судиите Илиевски, Македонија на европската сцена ќе ја претставува и делегатот Ацо Николовски.

Тој беше делегат на два меча од женскиот ЕХФ Куп минатиот викенд на Косово, каде играа Феризај и ВИФ од Фарски Острови, а сега ќе има двојна задача и во машкиот ЕХФ Купот.

Денеска Николовски ќе биде делегат на пресметката меѓу турскиот Бешикташ и Фиверс Маргаретен од Австрија во Истанбул што ќе започне од 16:00 часот.

Утре Николовски ќе биде задолжен за се да мине во најдобар ред на дуелот меѓу Бурса и норвешкиот Рунар Сандефјорд што се игра во Бурса и ќе стартува од 16:00 часот.

Share on Facebook

Три Македонки ги дознаа ривалите во ЕХФ Купот

Авор: Душко Андов
| 15 октомври 2026
19:22
Share on Facebook

Со ждрепка беа одредени паровите за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп и третото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Покрај единствениот македонски претставник во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Чаир, Македонија ќе има уште три претставнички – Ангела Јанкуловска, Теодора Дукоска и Сара Миновска.

Јанкуловска со Дунајска Стреда ќе се соочи со холандскиот Унирек, додека Дукоска и Миновска со Јувента Михаловце, за место во осминафиналето ќе се борат против израелскиот тим Бнеи Херцлија.

За разлика од ЕХФ Купот, во Лигата на Европа, Македонија нема свои претставници.

ЕХФ Куп, 3 коло:

Макаби Рамат Ган (Израел) – Вестфрисланд (Холандија)
Х71 (Фарски Острови) – Галичанка (Украина)
Квик (Холандија) – Хаџичи (Босна и Херцеговина)
Унирек (Холандија) – Дунајска Стреда (Словачка)
Нејстин (Фарски Острови) – Цуг (Швајцарија)
Хаукар (Исланд) – Левалеа (Црна Гора)
Анагениси (Грција) – Ајдовшчина (Словенија)
Рума (Србија) – Ацгерсдорф (Австрија)
Бриксен (Италија) – Мадеира (Португалија)
Бор (Србија) – Сент Труден (Белгија)
Јонијас (Грција) – Ховем Алмеида (Португалија)
ВИФ (Фарски Острови) – Шала (Словачка)
Бјала (Бугарија) – Јаликавакспор (Турција)
Гарлијава (Литванија) – Ериче (Италија)
Бнеи Херцлија (Израел) – Јувента Михаловце (Словачка)
Чаир (Македонија) – Кур (Азербејџан)

Натпреварите ќе се играат на 7/8 и 14/15 ноември, а победниците од двомечите ќе се пласираат во осминафиналето.

Лига на Европа, 3 квалификациско коло:

Заглебје (Полска) – Тертнес (Норвешка)
Сент Аман (Франција) – Ларвик (Норвешка)
Бенфика (Португалија) – Кинжварт (Чешка)
Наиса (Србија) – Виборг (Данска)
Рокаса (Шпанија) – Бера Бера (Шпанија)
Молде (Норвешка) – Дунареа (Романија)
Олденбург (Германија) – Малага (Шпанија)
Валчеа (Романија) – Лублин (Полска)
Шамбре (Франција) – Корона (Романија)
Локомотива (Хрватска) – Боден (Шведска)
Естергом (Унгарија) – Бањик (Чешка)
Бенсхајм (Германија) – Савехоф (Шведска)

Натпреварите ќе се играат на 7/8 и 14/15 ноември, а победниците од двомечите ќе се пласираат во групната фаза каде веќе чекаат уште четири екипи.

Share on Facebook

Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Пелистер – Чаир, Јехона – Пролет

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
13:57
Share on Facebook

Share on Facebook

Воркапиќ „растури“ во ЛШ, ЕХФ го смести во идеалниот тим на колото!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
18:10
Share on Facebook

Десното крило на Вардар, Вукашин Воркапиќ, се најде во идеалниот тим на четвртото коло од Лигата на шампионите, откако имаше одличен настап на гостувањето кај Висла Плоцк.

Српскиот репрезентативец постигна осум гола од исто толку обиди и беше еден од најзаслужните што „црвено-црните“ до самиот крај останаа во игра за позитивен резултат, иако на крајот Вардар претрпе минимален пораз од 33-32.

Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Јака Малус со девет погодоци, но одличната реализација на Воркапиќ не помина незабележано од медиа тимот на ЕХФ, кој го вклучи во изборот на најдобрите за ова коло.

Покрај вардаровото десно крило, во идеалниот тим се најдоа и голманот Апелгрен, левото крило Фрајхофер, како и бековите Цендер, Анжиќ, Милер, пивотот Шипжак Сипжак и дефанзивецот Милитару.

За Вардар останува жал за пропуштената можност да освои бодови во Полска, но индивидуалното признание за Воркапиќ е позитивен момент за скопскиот состав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Share on Facebook