📸 Младинките не беа наградени за храброста, но продолжува трката за ТОП 8

Maкедонија – Португалија, СП младинки, главна рунда, 2 коло

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Скопје пропушти шанса да ја победи Португалија, одигра само реми, 28:28, но и освоениот бод е многу вреден, бидејќи избраничките на Дарко Јанев остануваат во игра за пласман меѓу најдобрите осум репрезентации во светот. Македонската репрезентација утре ќе игра против Црна Гора, која остана без шанси за ТОП 8, но сѐ уште е во игра за третото место во групата. Утрешниот натпревар со Црна Гора ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:15 часот.