Со проширен стручен штаб со Тања Андрејева како тренер на голманките, како и со нова директорка на женските репрезентации, Индира Кастратовиќ, сениорките ги започнаа подготовките за бараж двомечот со Полска.
Најголем дел од ракометарките пристигнаа на првиот собир, а оние кои имаа натпревари во текот на вчерашниот ден, ќе се приклучат на првиот тренинг вечерва.
На првиот собир беа присутни и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, како и генералниот секретар Влатко Тасевски, кои им дадоа поддршка и им посакаа среќа на ракометарките.
Во вторник се патува за Кошалин, мечот со Полска е закажан за 9 април од 20:30 часот, додека реваншот е во Битола на 12 април во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 19:00 часот.
Целиот приход од продажбата на влезниците ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.
Грчевски прозиваше за Полска, претседателот Стефанов им посака среќа на ракометарките