📷 Сега полесно се дише, кадетите ги чекаат уште две битки за 17 место на ЕП
Машката кадетска репрезентација славеше против Италија со 23-19 и го освои првото место во групата Л од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора. Предводени од голманот Ѓорѓи Николовски со 18 одбрани, македонските кадети го обезбедија опстанокот во евро елитата и си обезбедија пласман на младинското ЕП во 2026 година, а сега ќе добијат шанса да разигруваат за пласман од 17 до 20 место на ова ЕП со најдобрите две од групата - Романија и Полска.Фото: Vuk Raicevic