Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков изминатиот викенд го постигна најважниот „гол“ во животот.
Тој се ожени за долгогодишната девојка Билјана Стојановска, која работи во маркетинг сектор на Канал 5 телевизија.
Дејан и Билјана најпрво го кажаа судбносното „ДА“ во црква и пред матичар, а потоа забавата продолжи со гости од ракометниот свет и естрадата.
Гоце Ојлески му беше кум на Манасков, а на свадбената веселба беа присутни и Филип Кузмановски, чија сопруга Моника му е прва братучетка на Дејан, потоа Столе и Стефан Стоилови…
За микрофонот се фати и пејачката Тамара Тодевска, на која Дејан и е кум…


























