Шампионот Локомотива и Седлоска со убедлив старт во Хрватска

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската интернационалка Андреа Седлоска, имаше победнички старт на хрватскиот шампионат.

Хрватскиот првак, иако ослабен на домашен терен немаше проблеми против составот на Сесвете и победи со 32-16.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога избраничките на Ненад Шоштариќ направија залиха од седум гола, 16-9.

Левиот бек Седлоска на овој натпревар беше стрелец на еден погодок од еден обид. Следен предизвик за Македонката и Локомотива ќе биде на гости кај Осијек.