Селекторот на Хрватска, Лино Червар, објави список од 21 ракометар кои ќе патуваат на Светското првенство во Египет.
На тој список се најдоа тројца ракометари од македонскиот шампионат. Двете десни крила Иван Чупиќ (Вардар) и Златко Хорват (Металург), како и десниот бек Јосип Векиќ (Вардар).
Резерви остануваат левиот бек на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ и средниот бек на Вардар, Ловро Јотиќ. На списокот ги нема ниту Игор Карачиќ и Лука Степанчиќ поради повреди.
Репрезентацијата на „коцкестите“ ќе го започне вториот дел од подготовките за настап на Мундијалот на 1 јануари во Загреб, а по тестирањата на коронавирус ќе се упати во Пореч.
Таму ќе одигра еден дуел од ЕХФ Еврокупот со Шпанија на 5 јануари, додека на 9 ќе игра со истиот ривал во Мадрид. На кратко Хрватите ќе се вратат дома, а на 12 патуваат за Египет.