После дуелот со Пролет ракометарите на Металург денеска ги очекува нов натпревар, а следува пресметка со тимот на Бутел Скопје, кој на стартот од сезоната даде силен отпор во Автокоманда.
Оттаму денешната средба ќе биде исто така интересна иако Металург веќе го крена нивото на игра и сигурно денеска ќе има што да покаже и сигурно ова ќе биде далеку поинаква средба. За очекување е да биде прикажана далеку подобра игра така што очекувањата се да има возбудувања.
Што се однесува до другите дуели гостите се фаворити на средбите Работнички-Пролет и Радовиш-Охрид, додека Вардар јуниор се очекува да има предност против Струга.
Дуелот Пелистер-Металург 2 ќе биде одигран во вторник.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО
САБОТА, 30 НОЕМВРИ
15:30ч
РАБОТНИЧКИ – ПРОЛЕТ
Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Зоран Кимевски од Скопје.
18:00ч
РАДОВИШ – ОХРИД
Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
19:00ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ВТОРНИК, 3 ДЕКЕМВРИ
20:00ч
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 2
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 32 бода (405:301); 2. Охрид 31 бод (342:273); 3. Бутел Скопје 28 (332:285); 4. Пролет 23 (365:322); 5. Радовиш 19 (358:352); 6. Вардар јуниор 15 (327:361); 7. Пелистер 11 (303:3168); 8. Металург II 7 (343:412); 8. Работнички 4 (353:414); 10. Струга 4 (275:357).